Италија
Џунтоли го откри планот на Јувентус за зимскиот преоден рок, спомена едно име
Се ближи зимскиот преоден рок, а една од екипите која се очекува да биде активен е калчолигашот Јувентус.
Јувентус има доста проблеми со повредени играчи во текот на тековната сезона со тоа што за двајца истата е веќе завршена и клубот едноставно е принуден да реагира затоа што се работи за фудбалите од дефанзивната линија-Бремер и Кабал.
Спортскиот директор Кристијан Џунтоли е во акција и отворено проговори за едно име, Давид Ханцко од Феенерод кој може да игра како стопер, но и како лев бек.
-Ние бараме решение. Давид е добар играч кој го проверуваме некое време, не е единствениот, но секако треба да направиме нешто за одбраната, -рече Џунтоли кој не сака други промени во тимот на зима.
-Во моментов намерата ни е да ги покриеме двете големи повреди што ги имаме во одбраната. Искрено, не би сакале никого да изгубиме, но ќе видиме што ќе каже трансфер пазарот, -порача оперативецот.
-
Италија21 час
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства18 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија15 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија21 час
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија20 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Англија17 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Македонија18 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Балкан18 часа
Барди „раскинал“ со Трабзонспор, може да се врати во Шпанија