Поврзете се со нас

Боречки спортови

Џоунс танцуваше како Трамп и испрати важна порака до УФЦ фановите (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ufc

УФЦ 309 настанот во Њујорк донесе нова победа за ММА легендата Џон Џоунс, чиј триумф против Стипе Миочиќ само му го потврди легендарниот статус во овој боречки спорт.

Џоунс победи во присуство на новиот американски претседател Доналд Трамп, а како негов голем фан јавно му се заблагодари за присуството, па дури го имитираше и неговиот препознатлив победнички танц.

– Сакам да му се заблагодарам на Исус, да не беше тој и јас немаше да бидам овде. Голема благодарност и до претседателот Трамп што вечерва е тука, – рекол Џоунс во обраќањето до публиката.

Иако УФЦ фановите стравуваа дека ова може да му биде последна борба на Џоунс, тој отворено најавил дека не планира да се пензионира и ќе понуди уште еден спектакл во октагонот.

– Одлучив да не одам во пензија. Зборував со Дејна Вајт и мислам дека ќе ви го дадам она што го посакувате, – рекол Џоунс, чија желба е негов следен ривал да биде Алекс Переира.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни