Џошуа против Пулев: Прво соочување и веднаш продадени 70 илјади билети (Видео)

Pulev Goshua

27-годишниот Ентони Џошуа, носителот на ВБА и ИБФ титулите во својата категорија, ќе ги брани титулите против предизвикувачо 36-годишниот  Кубрат Пулев од Бугарија. Борбата ќе се одржи во Кардиф, Велс на 28 октомври на стадионот„Принсипалити“. По тој повод, се одржа првото соочување, на кое боксерите како да сакаа да покажат почит еден спрема друг, беа  премногу скамените. Немаше никакви испади, дури беше и премногу ладно однесување од нивна страна, што на видеото може да се слушнат и коментари од акредитираните новинари.

Продадени се вкупно 70 илјади карти за настанот што успеа да го сруши рекордот на најбрза продажба на карти надминувајќи го и рекордот меѓу Мухамед Али и Леон Спинкс од Њу Орлеанс во 1978 година.

На Бугаринот ова му е второ предизвикување за титулата светски шампион. Тој пред 3 години загуби со нокаут во 5.рунда од Владимир Кличко во борба за појасот во ИБФ категоријата.

Facebook Коментари