Поврзете се со нас

Боречки спортови

Џошуа победи, но призна дека не е задоволен од епилогот во Лондон (Видео)

Објавено

на

Фото. https://twitter.com/anthonyjoshua

Ентони Џошуа го доби дуелот со Џермејн Френклин во „О2“ арената во Лондон, но по борбата истакнал дека не е премногу задоволен од епилогот.

По поразите од Олександар Усик, Џошуа имаше триумфално враќање пред своите фанови и оствари победа за враќање на мотивацијата, но истакнал дека не е задоволен од победа на поени.

– Немаше нокаут, така што не сум задоволен.

– Ова е брутален спорт, но нокаутите се најважни, не сум среќен, – изјавил Џошуа.

По овој триумф, Британецот стигна до ефект од 25 победи и три порази во својата професионална кариера, а успехот го искористил за да го предизвика сонародникот Тајсон Фјури.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни