Џошуа ја доби битката со Руиз и повторно е број еден на светот (Видео)

djosua

Британскиот боксер, Ентони Џошуа го доби реваншот со Енди Руиз и повторно стана шампион во светска категорија.

Џошуа по една исцрпувачка битка со Руиз во Саудиска Арабија славеше со едногласна одлука на судиите со 118-110, 118-110 и 119-109 на поени, односно со тоа му се одмази на Мексиканецот за јунскиот пораз во „Медисон Сквер Гарден“.

Во 12 рунди подобро се снајде Британецот кој со овој триумф дојде до појасите во ВБА, ВБО, ВБА и ИБФ категориите.

-Човек како мене нема право на изговори. Навикнав да ги нокаутирам луѓето и си реков дека треба да бидам се подобар и подобар. Науката на овој спорт е да удираш, без да те удрат и јас тоа го направив. Јас сум гладен и искрен и сакам да му се заблагодарам на Руиз за сè, како и на неговото семејство, -истакна Ентони кој најави и трета борба меѓу овие двајца.

Facebook Коментари