Поврзете се со нас

Боречки спортови

Џошуа го нокаутираше Пулев и останува светски шампион во тешка категорија (Видео)

Објавено

на

Ентони Џошуа го победи Кубрат Пулев на „Вембли“ и останува светски боксерски шампион во тешка категорија, задржувајќи ги појасите во ИБО, ВБА, ИБФ и ВБО верзиите.

Британецот беше фаворит против ривалот од Бугарија, а успеа да го нокаутира Пулев во деветтата рунда.

Џошуа започна да покажува дека е подобар боксер во рингот уште во третата рунда, кога судијата два пати му броеше на Пулев, а Бугаринот еднаш се најде и подот.

„Кобрата“ успеа некако да се задржи на нозе и да дочека крај на рундата, а и во четвртата Џошуа успеваше да направи дополнителна предност со ударите кои му ги зададе на противникот.

Следните рунди донесоа помалку изразена предност на Џошуа, Пулев успеа да испорача неколку удари, за финалето да биде деветтата од дванаесет предвидени рунди.

Британскиот боксер реши да ја заврши работата, со неколку сигурни удари го испрати Пулев на подот, овој во една ситуација успеа да се врати, но следуваше уште еден бран удари кои го докрајчија бугарскиот боксер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни