Џоркаеф смета дека треба да се исполни само еден услов: ПСЖ ќе ја освои ЛШ ако…

Mbape

Некогашниот француски репрезентативец, Јури Џоркаеф е добро познато име на фудбалската сцена, играч кој во својата кариера освен во својата татковина настапуваше во Италија, Германија, Англија и Соединетите Американски Држави.

За време на тоа патување тој една година беше дел од Пари Сен Жермен, клуб кој во последниве години комплетно се издигна и стане еден од најголемите кандидати за пехарот во ЛШ.

Оваа година клубот од Париз дополнително се засили со ѕвезди како Нејмар и Мбапе, па поради тоа раководството и навивачите очекуваат високи резултати. Во Франција реално нема клуб кој може да ги загрози, додека пак во ЛШ првиот голем тест е осминафиналната битка со Реал Мадрид.

Џоркаеф воедно верува дека ако четата на Емери направи исчекор и го среди европскиот шампион тогаш ќе им биде отворен патот кон толку поскауваниот трофеј.

-Искрено Реал Мадрид е единствениот клуб од кој се плашев пред ждрепката. Парискиот состав навистина е супериорен во квалитет и квантитет во однос на мнозинството на клубови во осминафиналето. Ама Реал е тежок, тоа што три пати ја освоија титулата во последните четири години многу зборува. Но, мораме да ја видиме и добрата страна на работите. Овие две конфронтации помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ ќе бидат следени низ целиот свет. И ако ПСЖ го мине овој круг, чувствувам дека ќе одат докрај. Тоа ќе му даде самодоверба на целиот клуб. На играчите, се разбира, но и на целото опкружување на ПСЖ, роднините на играчите, медиумите итн. Ова може да создаде неверојатен импулс и динамика. Спротивно на тоа, во случај на елиминација, крајот на сезоната може да биде многу долг … Би било страшно, -истакнал Јури.

Facebook Коментари