Поврзете се со нас

Франција

Џоркаеф откри кога Мбапе ќе си замине од ПСЖ

Објавено

на

Поранешниот француски репрезентативец, Јури Џоркаеф откри кога и како Килијан Мбапе може да си замине од таборот на Пари Сен Жермен.

Мбапе е еден најдобрите млади играчи на светот, играч кој допрва треба да созрее и да го даде најквалитетното од себе, но и досега тој се покажа во извонредно светло и го привлече вниманието на многу клубови.

ПСЖ своевремено ја доби битката за неговиот потпис кога тој беше во Монако, но сега се погласно и погласно се зборува за негово заминување од Париз со тоа што како фаворит за неговата наредна дестинација се споменува Реал Мадрид.

Меѓутоа според Џоркаеф кој воедно е амбасадор на ПСЖ, Мбапе ќе треба прво да ја освои ЛШ со сегашниот тим, па да направи трансфер во друга екипа.

-Мислам дека Мбапе секогаш ќе има вистинска можност. Сега е во проект, влегува во четвртата година во ПСЖ, тој е млад играч. Не го гледам во ПСЖ како останува десет години. Неговата иднина е да освои титули на сите континенти, тоа малку Французи го имаат направено. Мината година имаше добра можност да ја освои ЛШ, ама за жал тоа не го направи. Оваа година е нова можност. Идеално сценарио е овде да триумфира и потоа да замине во друг клуб. Сите ќе бидат среќни, -порача Џоркаеф кој не ја отфрли опцијата за заминување на Килијан и без трофејот од ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни