НБА
Џорџ се заврти 360 степени и режираше магија, па заработи ужасна повреда (Видео)

Лос Анџелес Клиперс загуби на домашен терен во неверојатно израмнет натпревар против Оклахома, но стравувањата се дека ќе остане подолго време без Пол Џорџ кој заработи ужасна повреда.
Големата ѕвезда на Клиперси имаше навистина добар меч до четвртата четврина и изведе еден импресивен спектакл во третиот период, но сето тоа остана во сенка на незгодната и лоша повреда.
Џорџ најпрво режираше монструозно забивање откако претходно се заврти за 360 степени, но за жал атракцијата беше само најава за шокот кој следеше во клучните моменти.
При резултат 91:91, Џорџ имаше кошмарен доскок на десната нога и му се изврте коленото, по што експресно беше изнесен од теренот и со помош на колегите беше испратен во соблекувалната.
На крајот, Клиперси загубија со 100:101, а сега деталните лекарски прегледи ќе покажат од каков каратер е повредата на Џорџ.
PAUL GEORGE 360 JAM. SHOWTIME 😱
Watch live on the NBA App
📺: https://t.co/1pomQZMAZK pic.twitter.com/qVtcIVSPCP— NBA (@NBA) March 22, 2023
Paul George with the 360 dunk! pic.twitter.com/2PsWRQT6v7
— Ballislife.com (@Ballislife) March 22, 2023
Paul George had to be helped to the locker room after this…Prayers. 🙏🙏
— Hoop Central (@TheHoopCentral) March 22, 2023
-
Англијапред 18 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 15 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 20 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 19 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
АТПпред 8 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Германијапред 17 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 19 часа
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 10 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)