Поврзете се со нас

НБА

Џорџ се обиде да зборува на хрватски јазик и го најави Зубац на уникатен начин (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LAClippers

Гостувањата во американските подкасти стана пракса за најголемите НБА ѕвезди во последно време, а интересно е што во фокусот се ставаат и играчите кои доаѓаат од Балканот.

Никола Јокиќ стана вирален со изјавата која ја даде на крајот од 2023-та година, но сега навистина интересен стана Пол Џорџ поради својот обид да зборува на хрватски јазик.

Ѕвездата на Лос Анџелес Клиперс се обиде да го најави својот соиграч на најдобар можен начин, но имаше проблем со изговорањето на бројот „40“.

– Имаме уште еден посебен гостин денеска. Мојот брат, он е он, брош четр….дајст, – порача Пол Џорџ, по што Ивица Зубац се прсна од смеа.

– Не знам кој е овој јазик, – порача Хрватот, за потоа да го натера Џорџ да ги изговори зборовите онака како што треба.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни