Поврзете се со нас

НБА

Џорџ ја одбра својата дрим-тим петорка, немаше место за Џордан

Објавено

на

Ѕвездата на Лос Анџелес Клиперс, Пол Џорџ доби задача и ја одбра најдобрата петорка во историјата на НБА лигата, петорка во која интересно не најде место за Мајкл Џордан.

Џорџ имаше отворен разговор со новинарот на „ЕСПН“, Едријан Војнаровски и во истиот говореше на различни теми поврзани со кариерата, животот, но и воедно доби можност да состави идеална дрим-тим петка која според него треба да изгледа со следниве играчи:

-Би го ставил Брон (Леброн Џејмс) на единица, Коби (Брајант) на двојка. Знам дека Мајкл (Џордан) е најдобар, ама јас растев со Коби и би го ставил него на двојка. На тројка би го избрал Лери (Бирд). На четворка е Кеј-Џи (Кевин Гарнет) и на петка Шек (О’Нил), -истакна Џорџ кој смета дека со Клиперс може да ја освои титулата во оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни