НБА
Џорџ избегна потешка повреда, може да се врати во плејофот

Лос Анџелес Клиперс доживеа двоен удар на пресметката со Оклахома Сити Тандер на која претрпе пораз од 101-100, но и остана без услугите на ѕвездата Пол Џорџ.
Џорџ се повреди во последната четвртина и мораше да биде изнесен од теренот и стравувањата беа дека можеби се работи за проблем кој може долго време да го оддалечи од терените. Меѓутоа Пол ќе биде недостапен во наредните две до три недели што значи дека ќе ги пропушти сите преостанати натпревари од регуларниот дел од сезоната (девет).
Потоа повторно ќе биде прегледан и ќе се има почиста слика за проблемот со десното колено, односно во таборот на Клиперс се надеваат дека тој би можел да помогне во некоја фаза во плејофот.
Сепак тимот од Калифорнија прво ќе мора да се избори за место во разигрувањето затоа што битката е жестока на Западот, многу тимови се доста блиску и ќе биде занимливо во завршницата на основниот дел, а потоа и во плеј-ин форматот по што ќе бидат познати сите парови во плејофот.
-
Англијапред 18 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 15 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 20 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 19 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
АТПпред 8 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Германијапред 17 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 19 часа
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 11 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)