Поврзете се со нас

НБА

„Џорданки“ од 1985 година поставија нов аукциски рекорд

Објавено

на

Популарноста на Мајкл Џордан уште еднаш дојде до израз, откако еден пар негови патики или популарните „џорданки“ со автограм од легендарниот кошаркар, поставија нов аукциски рекорд.

Аукциската куќа „Сотбис“ продаде пар „џорданки“ од дебитантската сезона на Мајкл Џордан за 560.000 долари, сума со која е соборен досегашниот рекорд за најскапо платени патики на ваков вид продажба.

Црвено-белите патики со црно лого од првата серија „џорданки“ беа инспирирани од опремата на Чикаго Булс, а од „Сотбис“ се оценети како обувки во одлична состојба, со оглед на фактот што биле употребувани на одреден број натпревари токму од Џордан.

Името на колекционерот кој платил повеќе од половина милион евра не е објавено, но јасно е дека сите предмети поврзани со Џордан станаа уште повредни по емитувањето на документарецот „Последниот танц“.

Досегашниот ауткциски рекорд за патики бил 437.500 долари платени за патики од „Најки“ од 1972 година, додека генерално рекордот за обувки се уште го држат тие кои актерката Џуди Гарланд ги носела во филмот „Волшебникот од Оз“ (666.000 долари).

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни