Поврзете се со нас

НБА

Џордан за својот менталитет и однос кон соиграчите: Победата има цена, лидерството има цена, јас ги…

Објавено

на

Уште две нови епизоди (7 и 8) се емитуваа од документарецот „Последниот танц“ посветен на големиот Мајкл Џордан и неговиот Чикаго Булс.

Во истите легендарниот М-Џеј можеше да проговори да својот став, менталитет и однос кон соиграчите кој го имал, но тој едноставно објасни зошто понекогаш морал да се однесува како тиранин, идиот во некои ситуации во кои знаел да ја мине границата.

-Мојот менталитет требаше да излезам и да победам по секоја цена. Ако не сакаш да го живееш тој регулиран менталитет тогаш не треба да бидеш покрај мене затоа што ќе те исмевам се додека не дојдеш на исто ниво со мене. Ако не бидеш на исто ниво, тогаш ќе биде пекол за тебе.

-Победата има цена. И лидерството има цена, па јас ги повлекував луѓето кога не сакаа да бидат повлечени. Јас ги предизвикував луѓето кога не сакаа да бидат предизвикани. И јас го заработив тоа право затоа што [други] соиграчи дојдоа по мене. Тие не ги трпеа сите работи што ги издржав. Кога ќе му се приклучиш на тимот, ќе живееш според одреден стандард на кој јас ја играв играта. Немаше да прифатам ништо помалку.

-Кога луѓето ќе го видат ова ќе кажат: Па тој не бил добар човек. Можеби бил тиранин. Па, тоа сте вие. Затоа што никогаш не освоивте ништо. Сакав да победам, но сакав [моите соиграчи] да победат и да бидам дел од сето тоа, -порача Џордан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни