Поврзете се со нас

НБА

Џордан се огласи на социјалните мрежи: Доста е, премногу сум лут…

Објавено

на

За многумина најголемиот кошаркар на сите времиња, Макл Џордан во изминатиов период е доста актуелен со неговиот документарец „Последниот танц“.

Секојдневно може да се прочитаат вести поврзани со овој филм кој предизвика големо внимание околу светот.

Тоа што сите светла се вперени кон него, Џордан се обиде да го искористи и да привлече внимание со моќна порака која ја упати преку социјалните мрежи.

Смртта на Џорџ Флојд го допре и легендарниот кошаркар, па тој се реши да напише свој коментар околу целата оваа ситуација.

– Ужасно сум тажен, повреден и многу лут. Гледам и чувствувам болка на многу луѓе,ги чувствувам и нивната фрустрација и бес. Ги поддржувам сите оние кои кренаа глас против расизмот и насилството кон обоените луѓе во нашата земја. Сега е доста.

– Немам одговори, но нашиот заеднички глас против ваквата ситуација покажува дека ништо не може да не раздели. Мора да внимаваме едни на други и никогаш не смееме да ја игнорираме ваквата бесчуствителна бруталност. Морада продолжиме со мирните протести против неправдата и мора да бараме одговорност од властите.

– Нашиот заеднички глас мора да ги притисне водечкителуѓе во оваа земја да ги променат законите, а ако не го сторат тоа  ние со гласови на изборите ќе ги промениме нив. За овој проблем мора сите да сме заедно.

– Сакам да изразам сочувство до семејството на Џорџ Флојд и на сите оние кои се погодени со неговата смрт, -напиша Џордан на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни