Поврзете се со нас

Свет

Џордан: На Суарез местото му е во инвалидска количка…

Објавено

на

foto:twitter.com/InterMiamiCF

Лионел Меси ја напушти Европа во 2023 година и се одлучи за нов предизвик во кариерата, преселба во МЛС лигата во редовите на Интер Мајами каде подоцна стигнаа и уште познати имиња, неговите поранешни соиграчи, пријатели како Серхио Бускетс, Жорди Алба и Луис Суарез.

Дали овие ветерани ќе можат да му донесат успеси на клубот од Флорида останува да видиме, поточно ова ќе биде прва целосна сезона. Интер Мајами има подеми и падови, ама кампањата е долга и допрва следи најважното, ама во меѓувреме еден коментар во однос на квалитетот, целата приказна даде англискиот бизнисмен, екс претседател на Кристал Палас и ТВ лице, Сајмон Џордан.

-Меси е чудо на теренот, но не можат да му ја додадат топката затоа што не се доволно добри. Суарез изледа како местото да му е во инвалидска количка. Квалитетот на фудбалот [во МЛС] е Лига 2, Лига 1 (Англија) во најдобар случај. Ме разочара што таму го видов Меси, -вели Џордан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни