Поврзете се со нас

НБА

Џордан испрати порака по смртта на Вест: Посакувам да можев да му бидам соиграч

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Lakers

Смртта на Џери Вест ја потресе американската, но и светската кошаркарска јавност, па фановите се збогуваат со легендата на спортот кој долго време остваруваше успеси како играч, тренер и функционер.

Меѓу оние кои јавно испратија емотивна порака по денешната вест е и Мајкл Џордан, кој решил да го каже своето мислење за Вест преку порака испратена до познатиот стручен коментатор Стивен Смит.

– Навистина сум натажен поради веста за смртта на Џери. Тој беше вистински пријател и ментор, ми беше како постар брат.

– Секогаш го ценев неговото пријателство и кошаркарско знаење.

– Отсекогаш посакував да можев да играм против него како ривал, но колку повеќе го запознавав, посакував да сум му бил соиграч, – напишал Џордан во својата порака посветена на Вест.

Кошаркарските фанови со простуваат со великанот Џери Вест

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни