НБА
Џордан го врати тренерот кој му донесе плејоф настапи на Шарлот

Екипата на Шарлот Хорнетс назначи нов тренер и тоа е искусниот Стив Клифорд за кого ова ќе биде втор мандат на клупата на овој клуб.
Клифорд е тренерот кој е втор на вечната листа по победа остварени за Шарлот, но тоа во 2018 година не беше доволно и заработи отказ и покрај тоа што успеа да му донесе два плејоф настапи на тимот во петте години.
Сега Стив ќе добие нова шанса од првиот човек Мајкл Џордан и генералниот менаџер Мич Купчак кои одлучија токму тој да биде изборот откако Кени Еткинсон од Голден Стејт Вориорс се премисли во последен момент и одлучи да остане во Сан Франциско како асистент на Стив Кер.
Инаку Клифорд долго години е во НБА, беше асистент во повеќе тимови, а како главен освен во Шарлот/Бобкетс беше и во Орландо Меџик. Неговиот учинок е 292-345 (победи-порази) во осумте сезони во најквалитетната лига на светот.
-
Пливањепред 21 час
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 22 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Херојот Димитриевски со интервју од теренот откако ја фрустрираше Барса: Со сите нови засилувања… (Видео)
-
Светпред 19 часа
Роке, Роке, Роке: Санта Круз е мајстор и на 40 години (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Де Хеа инсистирал да направи интервју со „Скај“ за да го опише ужасниот ден на Јунајтед (Видео)
-
Репрезентацијапред 13 часа
Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига
-
Англијапред 22 часа
Невил: Глејзер под итно да се појави во Манчестер, клубот скапува
-
Англијапред 20 часа
Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал