НБА
Џордан го понижи поради изјавата, Пејтон откри каква била неговата реакција
Документарецот „Последниот танц“ заврши минатов викенд, но и понатаму има коментари, реакции… и тоа дефинитивно ќе биде така во овој период додека се уште е актуелна оваа тема.
Секако на некои им се допадна овој серијал посветен на Мајкл Џордан и Чикаго Булс, други пак имаат сосема различно мислење, меѓутоа едно е јасно дека сите епизоди и тоа како беа гледани низ САД и целиот свет.
Одредени моменти, ситуации од документарецот понатаму се коментираат, а во една од сцените како што е познато стана збор за Гери Пејтон кој истакна дека жали што не го чувал Мајкл Џордан низ целата финална серија со Чикаго во 1996 година.
Gary Payton thought he found a way to get to MJ … Mike wasn’t sweating the Glove 😂 #TheLastDance pic.twitter.com/Z8NG7qN5hW
— ESPN (@espn) May 11, 2020
Пејтон посочи дека успеа да го неутрализира Мајк во дел од средбите, изјава која му беше дадена на Џордан кој се прсна од смеење кога истата ја слушна и тоа тоа веднаш почнаа да се прават мемиња.
Пејтон се пофали дека го запрел Џордан, Мајкл прсна од смеење (ВИДЕО)
Токму за оваа реакција на Џордан свој коментар имаше популарната „Ракавица“ кој призна дека бил бесен.
-O, да знаете дека бев бесен. Размислував да му се јавам…Ама знаете што тоа го очекувам од Мајк и јас истото би го направил. Јас би ја направил истата работа. Ме знаете, ништо нема да признаам. Нема на никого да му признам дека ме запрел.
-Секогаш му велел дека во кариерата само еден човек ми правел проблеми-тоа е Џон Стоктон.Така оди тоа. Не му се лутам на Мајк затоа што тој немаше многу натпревари на кои беше лимитиран, -порача Пејтон.
-
Репрезентација17 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства17 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија20 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
Македонија23 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
АТП21 час
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Репрезентација17 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства8 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Италија18 часа
Дибала имал успешна операција, оваа сезона е завршена за него!