Поврзете се со нас

НБА

Џордан донира 100 милиони долари за борбата против расизмот

Објавено

на

Најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан во наредните 10 години ќе донира 100 милиони долари во борбата против расизмот.

Оваа донација ќе се реализира преку брендот Џордан, а финансиските средства ќе ги добијат бројни организации кои се борат за расна еднаквост, социјална правда, односно за човековите права.

Легендата на Чикаго Булс се одлучи за овој потег по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицаец по што во САД се случија немири, протести кои се уште траат низ целата држава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни