Поврзете се со нас

Англија

Џонсон со совет до управата на Ливерпул: Тој мора да биде приоритет пред Ван Дајк и Салах

Објавено

на

foto:www.astamfordbridgetoofar.com

Ливерпул има добар почеток на сезоната под водство на новиот тренер Арне Слот кој пристигна од сосема друга средина, земја, првенство, ама одлично досега се снајде на „Енфилд Роуд“.

Дали тоа ќе биде така и во продолжението ќе покаже времето, време кое тече за „црвените“ кои мора да решат важни прашања околу договорите на клучни играчи како Мохамед Салах, Вирџил Ван Дајк и Трент Александер-Арнолд. Тројцата се слободни играчи по 30 јуни 2025 година и сигурно ќе биде тежок удар за клубот ако сите тројца си заминат.

За сите веќе има заинтересирани клубови што значи управата мора да се впушти во конкретна акција, преговори во кои според некогашниот член на Ливерпул, Глен Џонсон приоритет мора да биде десниот бек Александер-Арнолд.

-Ако треба да изберам продолжување на договор како приоритет во случаите на Трент Александер-Арнолд, Мо Салах и Вирџил ван Дајк, тогаш Трент е тој што би одел, главно поради неговата возраст. Сите тие се играчи од светска класа, но Трент е помлад и веројатно би можел да игра во првиот тим на Ливерпул уште шест, седум години.

-Мо и Вирџил колку и да се добри, нема да можат да го направат тоа. Се разбира, има гласини дека Реал Мадрид сака да го ангажира Трент и не очекувам тие да исчезнат. Реал Мадрид е голем, иконски клуб. Повеќето играчи можеби нема да го кажат тоа, но скоро сите сакаат да играат за Реал Мадрид. Ако Мадрид го сакаше, мислам дека тоа ќе биде договор што тне може да го одбие. Тој беше толку успешен во Ливерпул и го освои секој трофеј што би сакале да го освоите како играч со неговиот клуб од детството.

-Ако реши да замине, не е дека ќе замине под лоши услови. Мислам дека никој не би се пожалил или би му замерил да се пресели во Мадрид, бидејќи кога Реал ќе се јави со бесплатен трансфер тогаш тешко дека некој играч тоа ќе го одбие, -вели Џонсон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни