Поврзете се со нас

Англија

Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…

Објавено

на

foto: x.com/Fenerbahce

Жозе Мурињо најголемиот дел од својата тренерска кариера ја мина во Англија каде во два мандати беше дел од Челси, а потоа ги водеше Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Тој освои доста титули во овој период и едноставно има доста значање за Премиер лигата, па некогашниот англиски репрезентативец Глен Џонсон сака во иднина одново да го види „специјалниот“ на терените на островот.

Џонсон соработуваше заедно со Мурињо во Челси, добро го познава и се надева на негов кам-бек во Англија, а како опција го гледа Манчестер Сити.

-Би сакал да го видам Жозе Мурињо назад во Премиер лигата во некоја фаза, бидејќи тој е еден од најголемите ликови во фудбалот и тоа е она што сакаме да го видиме.

-Не знам каде ќе оди. Знаете тој нема да се врати во Челси. Заврши со Тотенхем, заврши со Манчестер Јунајтед. Арсенал нема да биде достапен, Манчестер Сити нема да биде достапен некое време, би замислил. Значи, едноставно не знам. Но, можеби тоа е можна опција за него; можеби Сити за неколку години… никогаш не се знае.

-Сепак, сè ќе се сведе на желбата на Мурињо и колку тој сака да се врати во Премиер лигата. Но, сите ние го знаеме, иако; тој нема да оди некаде за да не победи, па затоа ќе оди само во една од првите две или три екипи, -вели Џонсон.

Мурињо во моментов го води составот на Фенербахче.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни