Поврзете се со нас

Англија

Џонсон посочи што му е потребно на Челси за да биде кандидат за титулата во ПЛ

Објавено

на

blank

Некогашниот англиски репрезентативец, Глен Џонсон верува дека Челси во наредната сезона може да биде кандидат за титулата во Премиер лигата под услов во летниот преоден рок да се засили квалитетно на две позиции.

Џонсон кој своевремено беше еден од најдобрите бекови во Англија смета дека „сините“ мора да донесе врвен напаѓач кој ќе го замени Оливие Жиру, но и млад и квалитетен централен дефанзивец.

-Мислам дека им е потребен врвен млад стопер и топ напаѓач. Секако дека тие потрошија многу пари на крилните позиции и во средината. Според мене тие се многи подобра екипа со Жиру, а токму тој е човекот на кого се обидуваат да му ја покажат вратата во последниве години. Тоа ви покажува оти се обиделе да го заменат, ама успеале во таа намера.

-За мене топ напаѓач е главна цел. Жиру има 34 години и толку може да направи, истото важи и за Тијаго Силва кој е класа, ама неговото тело не може да ги издржи напорите од недела во недела во Премиер лигата, -вели Џонсон за „Метро“ кој смета дека Ерлинг Халанд е име кое Челси треба да се потруди да го донесе во Лондон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни