Поврзете се со нас

Евролига

Џонс за поразот на Партизан: Браун не направи фаул…(ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Партизан во драматичен меч претрпе пораз од Црвена Звезда од 73:71 во балканското дерби во кошаркарската Евролига.

Се некако изгледаше дека мечот ќе оди во дополнителни пет минути, ама на една секунда до крајот Недовиќ успеа да изнуди фаул од агресивниот Браун, поточно се три слободни од кои две реализираше и донесе важен триумф на својот тим.

Карлик Џонс кој беше прв стрелец кај домаќините смета дека судиите погрешиле во последната акција со прекршокот на Стерлинг Браун.

-Не мислам дека тоа беше фаул на Стерлинг Браун. Тоа не зависи од мене. Но, дефинитивно не се согласувам со таа одлука. Ниту, пак, сега можеме да направиме нешто околу тоа, -рече плејмејкерот и додаде:

-Тежок пораз. Кога гледам вака, ми се чини дека повеќе ја сакаа од нас. Се бореа за дополнителни напади, беа поагресивни од нас. Тоа не доведе до пораз. Не можете да му дадете повеќекратни шанси на противникот да погоди и да мислите дека нема да погоди. Тоа се тие мали грешки. Игравме добро, но тие мали грешки не убија, -заврши Џонс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни