Англија
Џонс се исповеда: Само еден менаџер на Јунајтед успеа да ме извади од кожа, тој ме понижи на „Енфилд“
Фил Џонс беше купен од Сер Алекс Фергусон како играч кој треба да биде лидер на одбраната на Манчестер Јунајтед, па иако сите брзо се уверија во неговиот потенцијал, за жал тешките повреди направија почесто да биде надвор од теренот, отколку блиску до соиграчите.
Лошата здравствена состојба направи Џонс да се пензионира на само 32 години и сега негова желба е да се испроба како тренер, но пред да влезе во тие води, направи една мала ретроспектива на неговите последни денови во клубот од „Олд Трафорд“.
Последните играчки моменти во Јунајтед ги имаше под водсто на привремениот менаџер Ралф Рангник, а како што открива Џонс, тој бил единствениот кој успеал да го извади од кожа во неговиот 12-годишен престој на „Олд Трафорд“.
– Никогаш не сум ја загубил главата во соблекувалната и никогаш не сум дозволил да ме совладаат емоциите, освен еднаш. Само еднаш целосно се исклучив тоа беше со Рангник, – вели Џонс во разговорот за „High Performance“ и додава.
– Едноставно беснев, бев бесен бидејќи ме понижи. Ме понижи на гостувањето на „Енфилд Роуд“ против најлутиот ривал, а таму беа и фановите и моето семејство. Губевме 2:0 на полувреме, не изгледавме добро како тим, мислам дека немавме ниту шут на голот. Ништо не ни одеше од рака, но јас бев еден до најстабилните во тоа прво полувреме. Не можев да поверувам дека ме вади од игра. Најлесно беше јас да бидам жртвено јагне.
– Не велам дека бев извонреден, но не загубив ниту една топка, не попуштив под притисок и имаше многу полоши играчи од мене на теренот. На полувреме, менаџерот влезе во соблекувалната и порача „Фил излегува, правиме измена“…..
– Ги извадив копачките и ги треснав од земја и му реков дека го извлекува целиот бес кој го имам во себе. Бев навистина лут и викав, останатите играчи бараа да се смирам. Но, бев нависитна иритиран, навистина ме повреди. Потоа се извинив, но навистина не можев да се исконтролирам во тој момент, – се потсеќа Џонс за натпреварот на кој Манчестер Јунајтед во продолжение загуби со 4:0.
-
Евролига10 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Шпанија23 часа
Мерино за талентираниот Јамал: Ова е фудбал, има…
-
Италија22 часа
Леонардо посочи кои два клуба се во најдобра позиција за титулата во Серија А
-
Италија12 часа
Пато открива тепачка од тренинг центарот: Најмирниот играч на Милан го преврте Ибра како мало дете
-
Македонија24 часа
Алкалоид со нова „40-ка“ до „седум од седум“ во Суперлигата
-
Евролига21 час
Шортс ја доби битката со Димитријевиќ, ама Олимпија Милано ја однесе победата (ВИДЕО)
-
АТП23 часа
Фриц: Чекам победа над Ѓоковиќ, се надевам…
-
Англија9 часа
Кукурелја: Англиските судии ме казнуваат за она што се случи на ЕП