Поврзете се со нас

Лига на шампиони

„Џокерот“ Торес го реши трилерот во Дортмунд, Арсенал рутински го преслуша Монако (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Борусија Дортмунд и Барселона останаа без муниција во првото полувреме, за потоа да режираат вистински фудбалски спектакл во продолжение, во кој фановите успеаја да видат дури пет гола.

Барселона презема иницијатива и во три наврати доаѓаше до предност, а иако Борусија во два наврати се враќаше, сепак остана без ништо во пресметката со шпанскиот ривал.

По разочарувачките 0:0 по првите 45 минути, вториот дел започна со гол на Рафиња за 0:1, Гираси одговори во 60-та минута од пенал по големата глупост на Кубарси, но потоа следеше вистинска голеада од 75-та минута до крајот.

Феран  влезе во игра и веднаш погоди за 1:2, Борусија експресно се врати по вторпат со вториот гол на Гираси, но втор погодок постигна и „џокерот“ Торес кој ги постави конечните 2:3 по доавање на Ламин Јамал.

Феран го замени Левандовски во 71-та минута и се покажа како клучен фактор на оваа средба, по која Барселона е второпласирана во Лигата на шампиони, а Борусија сега е 9-та.

Од фаворитите, сигурна победа вечерва оствари Арсенал, кој на домашен терен го преслуша Монако со 3:0 и изби на 3-то место на табелата.

Сака го отвори резултатот во првото полувреме, потоа профитираше од големата грешка во вториот дел за втор погодок, а Хаверц ги постигна конечните 3:0.

Головите од „Сигнал Идуна парк“ погледнете ги ТУКА

Головите на Арсенал погледнете ги ТУКА 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни