Поврзете се со нас

Лига на шампиони

„Џокерот“ на Јувентус критички настроен кон себе: Се извинувам за моето лошо издание

Објавено

на

Foto:x.com/juventusfcen

Јувентус се намачи против ПСВ за да стекне предност пред реваншот кој ќе се одигра во Холандија, а творец за минималниот триумф беше Самуел Мбангула кој се претвори во „џокер“ за Тиаго Мота.

Младиот крилен фудбалер го постигна својот прв гол во Лигата на шампионите и така донесе победа од 2:1, па иако со самото тоа прерасна во најбарана личност за интервју меѓу италијанските новинари, 21-годишниот Мбангула ги изненадил сите со својот критички настроен коментар.

– Точно е дека оваа победа е многу важна за нас како тим, важно ни е за континуитетот во играта, но воглавно јас не сум среќен.

– Постигнав гол кој ни помогна да победиме, но јас не сум среќен од начинот на кој одиграв. Знам дека можам многу подобро и се извинувам за моето лошо издание.

– Знам дека ова беше мојот прв гол во Лигата на шампионите, но тешко ми е да се насмевнам кога знам дека немав воопшто добар натпревар, – изјави Мбангула.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни