Поврзете се со нас

Супер Куп

„Џокерот“ Мартинез му донесе титула на Баерн во УЕФА Суперкупот (ВИДЕО)

Објавено

на

Германскиот гигант, Баерн Минхен и дефиниитвно е најдобрата екипа во Европа во овој момент, за 2020 година, а за тоа вечерва стигна уште една потврда.

Во Будимпешта се одигра дуелот меѓу победникот од ЛШ и победникот од ЛЕ, битка во која бааврците беа подобри од Севилја со 2-1 по продолженијата. Првиот дел донесе два голови, Кампос од пенал погоди за шпанскиот прволигаш, додека на спротивната страна стрелаше Горецка.

Вториот дел беше одбележан од поништениот гол на Левандовски поради недозволена ситуација и тоа по прегледување на снимката со помош на ВАР системот како и од одбраната на Нојер кој во 87 минута ја прочита намерата на Ел Несири.

Севилја во продолжението ја имаше првата шанса, ама Нојер со помош на стативата одново излезе како победник против Ел Несири. Во 99 минута ветеранот Мартинез доби шанса од Флик, а токму Шпанецот во најверојатно последната средба за него во дресот на Баерн успеа со глава во 104 минута да стрела за 2-1 и донесе титула за бундеслигашот во УЕФА Суперкупот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни