Поврзете се со нас

Свет

„Џокерот“ Мартинез ја однесе Аргентина во четвртфиналето на Копа Америка (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/Argentina

Аргентина е првата репрезентација која обезбеди пласман во нокаут фазата на Копа Америка и тоа откако ја забележа втората победа на турнирот кој се одржува во Соединетите Американски Држави.

„Гаучосите“ успеаа да го совладаа борбениот Чиле со 1-0 со погодокот кој во самиот финиш на средбата го постигна напаѓачот на Интер, Мартинез.

Фаворитот претходно двапати ја погоди рамката од голот на противникот, Мартинез пак ги скроти ударите кои Чилеанците ги имаа за да во 88 минута „џокерот“ Мартинез се најде на вистинското место и го матира Браво.

Во истата А група, Канада се избори за важно славје над Пери со 1-0 со погодокот на голгетерот на Лил, Дејвид во 74 минута. Канаѓаните ја искористија предноста од играч повеќе на теренот со оглед на тоа што во 59 минута беше исклучен Араухо поради еден невнимателен старт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни