Поврзете се со нас

Европски првенства

„Џокерот“ Филкруг спречи швајцарско славје во Франкфурт

Објавено

на

foto:x.com/elpais_deportes

Селекцијата на Германија со доста мака успеа да дојде до бод во соочувањето со Швајцарција, бод кој им го донесе првото место во групата А на Европското првенство.

Домаќиниот на шампионатот беше пред пораз на соочувањето во Франкфурт, поточно имаше негатива од 1-0 се до 92 минута кога џокерот Филкруг се најде на вистинско место и со удар со глава го матирираше Зомер за конечни 1-1.

Со овој резултат Германците дојдоа до седмиот бод и првата позиција, додека Швајцарија за која вечерва погоди Ндоје оди во осминафиналето како второпласирана со 5 бода.

Третата позиција е резервирана за Унгарија која во драматичен финиш славеше над Шкотска со 1-0, ама ќе мора да ги почека резултатите од другите групи за да види дали ќе биде доволно да се пласира во нокаут фазата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни