Поврзете се со нас

Англија

„Џокер“ за судиско продолжение: Стоунс блесна во 95. минута и донесе голема радост за Гвардиола

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити се мачеше на гостувањето на „Молину“ и покрај тоа што имаше огромна теренска иницијатива во текот на сите 90 минути, од едноставна причина што избраниците на Пеп Гвардиола не можеа да пронајдат дупка во одбраната на „волците“.

Вулверхемптон отвори подобро на денешниот меч од 15:00 часот и поведе со голот на Ларесен, но по овој погодок домаќините се предодредија да го бранат водството и таквиот пристап не им донесе поголем резултат.

Јошко Гвардиол со маестрален погодок израмни на 1:1 по 33 минути игра и мечот влезе во фаза во која доминираа гостите, но и покрај таквата поставеност, „волците“ успеваа да одолеваат се до самиот финиш.

Во моменти на очајнички обиди, актуелните шампиони често се обидуваа и со нафрлени топки во противничкиот шеснаесетник, а по еден изведен корнер од Фоуден во 95-та минута, Џон Стоунс беше на вистинско место.

Англискиот репрезентативец се претвори во „џокер“ за судиските продолженија оваа сезона, бидејќи откако го спасуваше Сити во големото дерби со Арсенал, попладнево постигна гол вреден победа и големи три бода на гостувањето кај Вулвс.

Голот за одлука погледнете го ТУКА 

 

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни