Поврзете се со нас

Германија

Џо Кол за потегот на Алонсо: Тоа е ужасна одлука…

Објавено

на

foto:twitter.com/bayer04fussball

Шпанскиот фудбалски стручњак, Чаби Алонсо ги реши сите дилеми околу неговата иднина со донесување на одлука да остане во Баер Леверкузен и во наредната сезона.

Алонсо беше интересен за повеќе клубови, премиерлигашот Ливерпул, бундеслигашот Баерн Минхен, меѓутоа тој верува дека во иднина ќе му се отворат вакви можности, односно смета дека сега најдобро за него е да остана на „Бај Арена“ каде може да има историска сезона со оглед на тоа што „фармацевтите“ се активни, напредуваат во сите конкуренции.

Чаби Алонсо донесе конечна одлука и стави крај на шпекулациите за својата иднина

Поранешниот англиски репрезентативец, Џо Кол смета дека Алонсо направил грешка со ваквиот потег, поточно според него едноставно требал да го искористи сегашниот момент, ситуација.

-Мислам дека е ужасна одлука. Тој е најжешкиот имот во светскиот фудбал кога се во прашање тренерите во овој момент. Акциите на менаџерот толку брзо одат нагоре и надолу. Мислам дека тој требаше да го направи овој потег ова лето бидејќи за една година може да биде сосема поинаку.

-Да се задржи овој тим [Леверкузен] заедно ќе биде многу тешко бидејќи тие имаат неколку фантастични играчи и сите големи гиганти во Европа ќе ги гледаат, -порача Кол за „ТНТ Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни