Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Џо Кол го коментираше настапот на Меси против ПСЖ и упати јасна порака до Манчестер Сити

Објавено

на

Поранешниот англиски фудбалер, Џо Кол беше во студиото на „БиТи Спорт“ каде беше стручен коментатор за средбите од Лигата на шампионите.

Кол меѓу другото посебно се осврна на настапот на Лионел Меси кој одигра уште една бледа партија во дресот на Барселона. Некогашниот фудбалер од средината на теренот истакна дека
Меси изгледал крајно незаинтересирано на теренот на вчерашниот натпревари.

– Меси изгледаше незаинтересирано. Навистина е тешко еден поранешен фудбалер да го критикува затоа што тој е гениј и е најдобриот играч кој сум го видел, но вечерва не изгледаше дека е емотивно влезен во натпреварот. Тој е лидер на тимот, тука се и Пике и Бускетс, но лидерите на клубот изгледаа доста слабо. Беше 4:1, а можеше да биде и 6:1, а тоа е загрижувачки, -изјави Кол.

Потоа Кол истакна дека би било голема коцка за клубовите кои се заинтересирани да го ангажираат аргентинскиот фудбалер.

– Мора да бидете премногу паметни пред да седнете да преговарате со Меси, вечерва изгледаше незаинтересинрано. Доколку игра така 34 годишен фудбалер, тоа е голема коцка. Да се донесе во клуб каде Пеп се потпира на енергијата, ентузијазмот и заедништвото е навистина ризично, -изјави Кол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни