Поврзете се со нас

Лига Европа

Џо Харт тера по старо, аматерска грешка и бизарен гол за АЗ Алкмар (Видео)

Објавено

на

Некогашната „единица“ на репрезентацијата на Англија и долгогодишен член на Манчестер Сити, Џо Харт продолжува со слабите изданија во својата кариера.

Играчот кој лани беше резервен голман во Тотенхем, од ова лето е нов член на Селтик, клуб во кој конечно почна да брани на редовна основа.

Не помина многу време пред Харт да ја направи првата глупост како голман на славниот шкотски тим, па денеска тој е главна тема на социјалните мрежи.

Харт имаше несреќна интервенција на натпреварот против АЗ Алкмар кога погрешно ја процени ситуацијатаи не успеа да ја исфрли топката надвор од теренот, па противничкиот играч немаше тешка задача да ја затресе неговата празна мрежа.

За среќа на Харт, Селтик ја искористи предноста од првиот натпревар и оваа сезона ќе игра во Лига Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни