Поврзете се со нас

Свет

Џо Харт си оди од Тотенхем и потпишува за нов островски гигант

Објавено

на

Англискиот голман Џо Харт се изгуби од фудбалската мапа по неколкуте успешни сезони поминати во дресот на Манчестер Сити.

Сега веќе искусниот голман минатото лето реализираше изненадувачки трансфер во Тотенхем и многумина помислија дека Жозе Мурињо ќе му ја „оживее“ кариерата, но јасно беше дека Харт не можеше да му парира на Иго Лори меѓу стативите во Тотенхем.

Сега медиумите на Островот пренесуваат дека Харт се наоѓа пред нов ангажман, во уште еден гигант од Велика Британија.

Наводно, Селтик е сериозно заинтересиран во своите редови да го ангажира голманот на Тотенхем кој стана вишок во клубот по пристигнувањето на Пјерлуиџи Голини од тимот на Аталанта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни