Поврзете се со нас

Шпанија

Џирона заборави да победува надвор од Каталонија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/RCD_Mallorca

Екипата на Џирона почнува да губи сила во борбата за самиот врв во Примера, а најдобар доказ за тоа е што оваа вечер го претрпе третиот пораз во низа на гостински терен во шпанскиот шампионат.

Џирона во претходните рунди падна на „Сантијаго Бернабеу“ и „Сан Мамес“ што не е некое изненадување ако се земе предвид дека тоа се домовите на Реал Мадрид и Атлетик Билбао, но денеска избраниците на Мичел се лизнаа на теренот на Мајорка каде загубија со 1-0.

Тимот кој ќе се бори за пехарот во Копа Дел Реј (обезбеди финале со Билбао) успеа да слави со голот кој во 33 минута го постигна Копете.

Сега клубот од Каталонија има седум бода помалку од лидерот Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни