Поврзете се со нас

Шпанија

Џирона со „петарда“ ја понижи Севилја (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/LaLigaEN

Фудбалерите на Џирона издвојуваа убедлива победа над Севилја од 5-1 во претпоследниот натпревар од 21. коло во шпанската Примера.

Најпријатното изненадување уште еднаш потврди дека игра страшен фудбал и оти знае вистински да одговори и кога противникот ќе поведе против нив. Имено Ромеро донесе радост за гостите во 10 минута, погодок кој како дополнително да ги мотивираше домашните играчи кои од 13 до 19 минута дадоа три гола украинскиот интернационалец Довбик.

Потоа немаше промена на резултатот се до 56 минута кога Циганков зголеми на 4-1 за да на крајот по одлична акција во листата на стрелци се запише и ветеранот Стуани.

Сега Џирона има 52 бода еден повеќе од второпласираниот Реал Мадрид и осум во однос на Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни