Поврзете се со нас

Македонија

Џиролами со второ време на отворањето на сезоната во ТЦР Европа на Словачка

Објавено

на

Променливо време ги пречека возачите од ТЦР Европа кои ја започнуваат сезоната со гран при викендот во Словачка, на патеката крај Братислава.

Првата тренинг сесија се возеше по сончево време, и во неа најбрзото време го постави шампионот од 2018 година, Микел Аскона, кое изнесуваше 2:10.985, но веднаш зад него се најде Франко Џиролами од македонскиот тим „ПСС Рејсинг“ со време од 2:11.294. Интересно, зад нив се најдоа тројца возачи на Ауди, чие што задоцнување беше од 466 до 837 илјадити делови од секундата. Од шестиот Даниел Наги до Виктор Давидовски на 12 место возачите беа набиени во дополнителен интервал од половина секунда.

Наместо појасна слика за перформансите, втората сесија беше обременета со дожд, поради што возачите добија уште една шанса да тестираат на мокра подлога и да се запознаат со новите пневматици кои дебитираат по промената направена во меѓу сезоната. Том Коронел со Ауди ја предводеше листата со време од 2:23.063, а само тројца возачи беа во иста секунда со него. Од петтото место на Душан Борковиќ (Ауди), до до десеттото на Давидовски, повторно голема изедначеност и шест возачи во осум десетинки. Џиролами беше во средина на тој интервал, како осми.

– Чувството беше многу подобро од тестирањето, бев многу посамоуверен. Комфорен сум со возилото, со новиот аеро пакет и целиот автомобил е некако поубедлив. Има многу брзи возачи, може многу да зависи од временските услови. Очекувам ние да се бориме за пласман во топ 7, на некои 4-5 десетинки зад пол позицијата,- изјави Џиролами.

– Секоја чест на инженерите, за разлика од пред еден месец како да возиме со друг автомобил. Сега возилото е подобро сетирано, управливоста е подобрена, имаме поголема самодоверба. Целта е утре да бидеме дел од втората квалификациска сесија, а воедно и да се надеваме да бидеме најдобри од сите возачи со Хонда. „БоП“ параметрите на оваа трка се повеќе на страната на Ауди и Сеат, додека Хонда и Хјундаи имаат поголема тежина. Ваквите нијанси можат да се покажат пресудни бидејќи тука има најмалку 15 возачи кои се во ситуација да се борат за титулата. Петмина се поранешни шампиони, а десетина се професионални возачи кои биле дел од светското првенство,- анализираше Давидовски веднаш по тренинзите.

Квалификациите се на програмата наутро во 10.15 часот, а првата трка е во 15.15 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни