Македонија
Џиролами му се приклучува на Давидовски, се проширува „ергелата“ на ПСС Рејсинг!
Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски, кој самостојно настапува во првенството ТЦР Европа, од 2021 година покрај себе ќе има тимски колега со кој ќе се обидат заедно да стигнат до поголеми успеси.
Екипата „ПСС Рејсинг“ денеска преку својата ФБ-страница соопшти дека на тимот му се приклучува Аргентинецот Франко Џиролами, а обајцата ќе возат Хонда Сивик.
За Давидовски ова ќе биде четврта сезона во ТЦР шампионатот, додека Џиролами досега се натпреваруваше во својата татковина. Постариот брат на Франко, Нестор Џиролами, претходно стекна светска слава со победи во светското ТЦР првенство, каде што возеше за Волво / Полестар. Минатата година, кога поради пандемијата со Ковид-19 на Давидовски не му беше дозволен влез во Франција, Нестор Џиролами настапи за „ПСС Рејсинг“, при што освои едно второ место. Во последната трка од 2020 година, Франко Џиролами за прв пат доби шанса да вози во Европа, токму со „ПСС Рејсинг“ на патеката Харама во Шпанија, по што уследи и договорот за продолжување на заедничките настапи во 2021 година.
Ваквиот расплет беше очекуван, бидејќи беше најавен од „големиот брат“, Нестор Џиролами, во интервјуто дадено за „Дерби“ по трката во Шпанија.
Ланската сезона иако беше проблематична, воедно беше и најуспешна за Виктор Давидовски, кој на два пати го освои „Трофејот Јокохама“ и се најде на подиумот. Подготовките за новата сезона се во тек, а Давидовски ќе биде присутен на три тестирања што ќе се случат претстојниов период: 27/28март во Спа Франкоршамп, 1 април на Нирбургринг и 2 април на Зандворт.
Првата трка од ТЦР Европа е закажана на 8 мај, на патеката крај Братислава во Словачка.
-
Репрезентација13 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства12 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства13 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација16 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства15 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Евролига24 часа
Хезоња ги шокираше фановите со изјавата на полувремето на дуелот Реал-Олимпијакос (Видео)
-
Свет23 часа
Нејмар откри детали од периодот во ПСЖ: Мбапе се промени по доаѓањето на Меси
-
Репрезентација14 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор