Македонија
Џиролами ја откри стратегијата со која му донесе второ место на ПСС Рејсинг во ТЦР Европа
Аргентинецот Нестор Џиролами во последен момент го зазема седиштето на Виктор Давидовски во ПСС Рејсинг за првата трка од ТЦР Европа во Ле Кастеле, крај Марсеј, откако француските власти не дозволија влез на македонскиот пилот поради мерките за заштита од Ковид-19.
Во целата збрка, победи пријателството меѓу Џиролами и Давидовски, па со посредство на ЈАС Моторспорт и останатите официјални лица, Аргентинецот се најде зад воланот на Хонда Сивик подготвена за македонскиот возач кој требаше да ја започне својата трета сезона на настапи во европското првенство.
За официјалниот веб сајт на европското првенство во туринг возила (ТЦР), Џиролами откри дека резултатот се должи на добриот план пред трката, како и на перфектната реализација.
– Навистина сум среќен со овој резултат. На првата трка во саботата имавме послаба крајна брзина поради високите температури, па одлучив денеска да нападнам веднаш, во првиот круг. Од седмо до четврто место стигнав речиси веднаш. Потоа дојде и дуелот за третото место, па тогаш помислив дека би можел да одам и на второто, но Таофик од Ауди доби казна и мораше во бокс, па всушност втората позиција ја добив без труд. Со тоа што престигнав многумина на стартот всушност ги ставив предните пневматици под голем стрес, па на крајот моите перформанси не беа перфектни. Сепак, сакам да му честитам на Мајк за победата, бидејќи заврши одлична работа, не направи грешки, иако ние успеавме да се опоравиме од нашиот проблем и да ја повториме брзината од петочните тренинзи, што секако беше добро.
Џиролами беше петтопласиран на првата трка, па со вчерашните бодови за второто место сега е трет во генералниот пласман, зад вчерашните победници Даниел Лојд со Хонда и Мехди Бенани со Ауди. Првиот има 69 бода, вториот 68, а Џиролами е трет со 66 поени, по што следуваат Кларе со 62, Филипи со 58, Халдер со 52 и Бекман со 48 бода.
Следните две трки се закажани на 12 и 13 септември на патеката Золдер во Белгија.
-
Репрезентација13 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства12 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства13 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација16 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства15 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Евролига24 часа
Хезоња ги шокираше фановите со изјавата на полувремето на дуелот Реал-Олимпијакос (Видео)
-
Репрезентација14 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор
-
Свет23 часа
Нејмар откри детали од периодот во ПСЖ: Мбапе се промени по доаѓањето на Меси