Поврзете се со нас

Македонија

Џиролами ја освои Монца, нова ТЦР Европа победа за македонскиот тим ПСС Рејсинг

Објавено

на

Франко Џиролами имаше драматичен дуел со Микел Аскона во последните два круга на трката од ТЦР Европа шампионатот во Монца, но успеа да го задржи првото место и донесе нова голема за македонскиот тим ПСС Рејсинг.

Џиролами стартуваше од пол-позицијата и рутински го одржуваше првото место до претпоследниот круг, кога Аскона успеа да му се приближи и тука започна најголемата и најважната битка на трката.

Аргентинецот го издржа притисокот и со одлично возење обезбеди нова победа за ПСС Рејсинг, намалувајќи ја предноста на Аскона во битката за првото место во генералниот пласман во ТЦР Европа.

Виктор Давидовски исто така освои поени за ПСС Рејсинг, завршувајќи ја трката на деветтото место, што е одличен резултат ако се знае дека стартуваше од шеснаесеттата позиција.

Аскона има 355 поени, Џиролами е на второто место со 329 поени, додека Давидовски има 88 поени што е доволно за 16. место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни