Поврзете се со нас

Англија

Џипот кој Агуеро му го подари на вработениот во Сити заврши во оглас (Фото)

Објавено

на

Серхио Агуеро се одјави од Манчестер Сити во голем стил и им подари вредни часовници на сите вработени во клубот со изгравирани специјални зборови за благодарност, но сепак економот на првиот тим се покажа како најсреќен и доби и втор, многу повреден подарок од Аргентинецот.

Покрај вообичаените часовници кои ги добија сите вработени, Агуеро реши преку лотарија да го подари и својот Рејнџ Ровер, а судбината посака најголем среќник во ждрепката да биде Али Марланд.

Веќе се појави видео од емотивниот момент кога Агуеро му ги врачува клучевите на среќниот работник, но само неколку дена по ваквата вест, денеска пристигна информација дека Али и неговата сопруга одлучиле да го продадат подарокот од аргентинскиот напаѓач бидејќи веќе биле обезбедени до два автомобили.

Се појави видео од уникатниот момент кога Агуеро му го подарува својот Рејнџ Ровер на економот на Сити

Џипот веќе е огласен на „И-беј“ и се продава за двојно помала цена од онаа вистинската ако го купите нов, па повеќе од јасно е дека досегашниот автомобил на Кун набрзо ќе добие нов сопственик.

Али и неговата сопруга бараат 23 илјади фунти за џипот кој има извозено само 17 илјади километри, а дел од парите ќе донираат во хуманитарни цели, нешто што веќе е договорено со детската куќа „Деријан Хаус“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни