Поврзете се со нас

НБА

„Џинот“ Вембенјама го сопре Јокиќ во последниот напад и донесе победа за Сан Антонио (Видео)

Објавено

на

Никола Јокиќ и Виктор Вембенјама имаа спектакуларна пресметка во НБА лигата рано утрово, па иако Србинот беше тој кој постигна повеќе поени, на крајот се радуваше помладиот француски кошаркар.

Популарниот Вемби одигра перфектен меч во одбрана и во напад, но во завршницата го бранеше последниот офанзивен обид на Србинот и успеа да го надмудри во дадената ситуација.

Во последниот напад на Денвер, Јокиќ го навлече Вембенјама на себе и се обиде да погоди преку него, но следеше фантастична одбрана од францускиот „џин“ кој со својот потег иницираше контра за потврда на победата.

Сан Антонио победи на гостувањето кај Денвер со 113:110 и го доби трилерот во „Бол арената“, сала во која фановите навистина можеа да уживаат во мајсториите на двајцата кошаркарски виртуози.

Јокиќ го заврши мечот со 41 поени, 18 скокови и 9 асистенции, додека Вембенјама во тесната победа имаше учинок од 35 поени, 18 скокови и 4 асистенции.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни