Поврзете се со нас

НБА

„Џинот“ Вембанјама изеде прва „банана“ во НБА лигата (Видео)

Објавено

на

Виктор Вембанјама воодушеви на првите неколку меча во НБА лигата и експресно се привикна на највисоко ниво на кошарка, но рано утрово се запозна и со моќта на противниците во ситуации во кои обично доминира поради својата висина.

224-сантиметри високиот Французи достигнува и три метра која ќе ги крене рацете, но и во такви околности наиде на непремостлива пречка на последниот меч против Индијана.

Пејсерси им нанесоа тежок пораз на избраниците на Грег Попович и славеа победа со резултат 152:111, а Вембанјама ќе го памети овој меч по „бананата“ која ја изеде.

Новата ѕвезда на Спарси доминира во рекетот и се обиде да има лесно забивање, но на неговиот пат застана Ајзеа Џексон кој со својот потег си обезбеди голема популарност на социјалните мрежи.

Инаку, популарниот Вемби го заврши мечот со дабл-дабл учинок од 13 поени и 10 скокови, но тоа беше премалку за Сан Антонио кој го претпре четвриот пораз на седмиот меч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни