Џинобили во транс: Ману им се поклони на сонародниците за лекцијата која и ја одржаа на Србија (Видео)

ginobili-mikrofon

Ману Џинобили долги години беше главна алка во играта на аргентинската кошаркарска репрезентација, а како поранешен лидер, големата НБА ѕвезда не го криеше задоволството откако неговите сонародници прикажаа неверојатен тимски дух во четвртфиналето кое го одбележа вчерашниот ден.

Аргентина направи големо изненадување и ја шокираше фаворизираната Србија, одржувајќи и лекција по кошарка во секоја одиграна четвртина, а особено во последната кога се кршеше резултатот. Полетниот Кампацо ги излудуваше Србите, искусниот Скола уште еднаш демонстрираше фасцинантно кошаркарско знаење, но заби покажаа и кошаркарите од кои не се очекуваше многу пред стартот на Мундобаскетот.

– Дек сите ги искрши. Факундо е животно. Торту игра како да е висок 2.10. Лапровитола е клуч кој дефинира се. Што можам да кажам за капитенот, што да кажам. Машина. Неверојатно. Машина! Колку убаво игра овој тим. Аплауз. Многу сум горд што овој тим се пласираше во полуфиналето на Светското првенство, повторно сме таму. Неверојатен натпревар, – порача Џинобили, а потоа ја проследи и најубавата акција на Аргентина во четвртфиналето.

Facebook Коментари