Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Џими Вајт со неверојатен пресврт го освои Светското снукер првенство за ветерани

Објавено

на

blank

Крунисувањето на Рони О’Саливен со пехарот од Светското снукер првенство во „Крусибл“ беше и еден вид најава за турнирот со исто значење организиран за ветераните на овој спорт.

Тој исто така се одржа во легендарната арена во Шефилд, а титулата ја одбрани Џими Вајт.

Вајт долго ќе го памети денешниот ден, бидејќи најпрвин во полуфиналето го победи стариот ривал Стивен Хендри со 4:2, а потоа направи неверојатен камбек во финалето.

Таму противник на шесткратниот финалист на Светското првенство за време на професионалната кариера му беше Кен Доерти, кој за разлика од Вајт стигна до една титула во „Крусибл“ и тоа во 1997 година.

Ирецот имаше одличен старт, во финалето кое се играше до пет добиени фрејмови стигна до предност 4:0, во седмиот фрејм имаше и розева топка за победа, но и тоа не го откажа упорниот Вајт.

Фрејм по фрејм, лондонскиот маестро стигна до 4:4, а потоа го доби и решавачкиот деветти фрејм за целосен пресврт и победа од 5:4.

За овој триумф, Вајт ќе заработи 25.000 фунти, а ќе учествува и на турнирот на шампионите, на кој меѓу другите за противник може да го има и актуелниот светски шампион во сениорска конкуренција, Рони О’Саливан.

На турнирот во Шефилд, покрај имиња како Вајт, Хендри и Доерти, учествуваа и светскиот шампион од 1985 година, Денис Тејлор, Џо Џонсон кој победи во „Крусибл“ една година подоцна, како и поранешниот светски вицешампион Најџел Бонд, кој и е добро познат и на македонската снукер публика поради своите гостувања во Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни