Џиџи Буфон со урнебесна изјава откако го размени дресот со младиот Малдини: Ги чекам и нивните внуци…(Видео)

bufonmaldini

Легендарниот голман на Јувентус, Џиџи Буфон, вчера во прес зоната на „Сан Сиро“ се пофали дека по натпреварот со Милан го разменил дресот со синот на легендарниот Паоло Малдини, Даниеле.

Младиот Даниеле Малдини извесен период добива можност да седи на клупата на првиот тим на Милан, а неодамна го имаше и сениорското деби за „росонерите“.

Буфон за новинарите во поттрибинскиот простор даде една изјава која предизвика позитивни реакции, а е поврзана со неговата долгогодишна кариера.

– Во мојата колекција имам дресови од Киеза и неговиот син, Турам и неговиот син, Веа и неговиот син, а сега и од Малдини и неговиот син. Ги чекам нивните внуци, -низ насмевка изјави Буфон кој позираше со дресот на младиот Даниеле Малдини.

Facebook Коментари