Џермејн Џенас настрада на дебито како стручен коментатор (Видео)

Jenas

Поранешниот англиски репрезентативец, Џермејн Џенас, денеска беше дел од екипата стручни коментатори кои на стадионот во Тилбург, Холандија, го најавуваа натпреварот меѓу репрезентациите на Англија и Португалија на Европското сениорско првенство во женска конкуренција.

За Џенас ова беше деби на ЕП, но заврши неславно, откако уште за време на неговиот прв коментар доби неочекувано „туширање“ од прскалките на теренот, а сетоа тоа беше емитувано во директниот пренос. Нормално, фудбалските фанови во Англија не пропуштија да го направат видеото вирално…

Facebook Коментари