Англија
Џерард за можноста да му ја донесе шампионската титула на Ливерпул: Имам друг приоритет во недела

Англиската спортска јавност создаде огромен притисок врз Стивен Џерард и тој е најспоменувано име во јавноста во најавата за завршното коло во Премиер лигата, од едноставна причина што легендарниот капитен на Ливерпул може да му направи услуга на својот сакан клуб.
Стиви Џи како актуелен менаџер на Астон Вила ќе оди на мегдан против Манчестер Сити на „Итихад“, а бидејќи тимот од Бирмингем нема никакви амбиции за поволен резултат, се верува дека тие ќе играат само да ја нарушат шампионската прослава на Пеп Гвардиола.
Доколку Астон Вила успеа да откине бодови во Манчестер, Ливерпул со победа во завршната рунда ќе стане нов англиски шампион, сценарио кое го посакуваат сите на „Енфилд Роуд“. Јирген Клоп порача дека очекува максимално залагање од Џерард и неговите фудбалери, но Џерард е разочаран што многумина го повредуваат интегритетот на Астон Вила.
– Разочарувачки е што луѓето од страна го доведуваат во прашање интегритетот на Астон Вила и моите играчи. Ние ќе излеземе на теренот овој викенд и ќе дадеме се од себе за да ги израдуваме фановите на Астон Вила. Ако тоа му помогне на Ливерпул ќе биде фантастично, но мој приоритет е Астон Вила.
– Имаме за игра уште три големи бода, имаме шанса да ја завршиме сезоната на најдобар начин. Ќе биде добро ако ги наградиме нашите фанови со бодови. Што се однесува до Ливерпул, максимално ги разбирам и ги почитувам гласините околу моето име. Тие се инволвирани во шампионската трка, а јас минав многу време во тој клуб, – изјави Џерард.
-
Светпред 16 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 16 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
АТПпред 18 часа
Алкарас се врати од загубена ситуација и со еден поен ги крена на нозе тениските фанови во Лондон (Видео)
-
Светпред 17 часа
Лос Анџелес сепак ќе мора да плати за Бејл, заработката оди кај Бекам!
-
Италијапред 17 часа
Рома ја изигра Барселона, каталонскиот гигант се налути и размислува за тужба (Фото)
-
Англијапред 5 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
Италијапред 17 часа
Легендарниот Мацола за сензационалниот трансфер на Интер: Ова не се случило во фудбалот
-
Англијапред 11 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола