Поврзете се со нас

Лига Европа

Џерард за мајсторијата на неговиот напаѓач: Не сум видел подобар гол, а нема ни да видам (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Ренџерс имаше победнички старт на кампањата во Лига Европа и тоа против белгиски Стандард кого го совлада на негов терен со 2-0.

Ова беше дуел во кој видовме еден брилијантен погодок, еден од најдобрите во оваа година, а истиот беше дело на Кемар Руф. Во судиското продолжение Руф издржа неколку дуели со противнички играчи, па од  својата половина шутираше и го матираше голманот на Стандард за потврда на трите бода.

Фудбалер на Ренџерс дриблаше во својата половина и погоди од центар (Видео)

Колку овој погодок навистина вреди, најдобро говори реакција, коментарот на Стивен Џерард за кого ова е најдобриот гол кој го видел во неговиот живот.

-Голот беше момент на генијалец момент од светска класа. Играм фудбал професионално од 1998 година и ова е најдобриот гол што некогаш сум го видел со свои очи.  Не сум видел подобар гол, а мислам нема ни да видам, -порача Стиви Џи кој го води Ренџерс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни